Во Центар запрени 20 возачи кои немале возачка дозвола

Во текот на вчерашната сообраќајна контрола на територијата на општина Центар изречени се вкупно 144 казни за прекршоци.

Министерството за внатрешни работи вчера на територијата на општина Центар изрече 144 мерки, од кои 20 за возење без возачка дозвола, четири за нерегистрирани возила, седум мерки за возење под дејство на алкохол и други останати 104 прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестСкопјанец го фатиле среде секс со малолетничка во хотел
Следна вестТри пожари во гостиварско, во последново деноноќие