Во Турција ќе се уриваат 820.000 живеалишта

По разорните земјотреси што се случија во Турција, ќе се уриваат 820.000 живеалишта кои се оштетени. Министерот за животна средина, урбанизација и климатски промени Мурат Курум соопшти дека последниот број на лица кои ги загубиле животите се искачи на 47. 932, а оштетени се над 800 илјади објекти.

– Нашите студии за проценка на штетите продолжуваат. Во нашите провинции во зоната на земјотресот, испитани се 1 милион 706 илјади згради што се состојат од 5 милиони 4 илјади 175 независни делови. Утврдивме дека 821 илјади 302 независни делови од овие згради треба да се урнат итно. Тие се тешко оштетени, урнати или умерено оштетени, соопштија од неговото министерство.

Проценката на штетите утврдила дека повеќето се објекти изградени пред 99 година.

Претходна вестУапсен рекетар, успеал да изнуди два милиони денари од скопјанец
Следна вестМагдинчев: Изборот на 6 – 7 играчи во ракометната репрезентација беше погрешен