Во Вардар пронајдено безживотно тело

Безживотно човечко тело извлечено од водите на реката Вардар во скопско Лисиче. – На 28.01.2023 околу 12.44 часот во СВР Скопје е пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје. Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, информираат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.

Претходна вестГоце Делчев убаво му објаснил на бугарскиот генерал Николаев…
Следна вестИм ја затворија салата, ракометарите на Македонија Ѓорче Петров принудени да тренираат на отворено