Во Влае: Пишал „Ајвар“ ама во теглата ставал марихуана

Откриено лице кое складирало дома марихуана. Имено, во куќен притвор е ставен 27-годишен скопјанец во чиј што дом во населбата Влае била пронајдена марихуана. Полицијата опојната дрога ја пронашла на 14 декември минатата година во стаклените тегли со натписи „Ајвар“ и „Лутеница“. Биле складирани 28,66 грама од овој наркотик.

Заради ова кривично дело Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје доставил обвинение против овој граѓанин дека вршел „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори”.

Надлежниот јавен обвинител до Судот доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице.