Темен режим Режим на светлина

Во заедничка акција на полицијата, Македонец приведен во Србија

Насилник во Кисела Вода, пукал со пиштол во домот и ги малтретирал сопругата и трите ќерки Насилник во Кисела Вода, пукал со пиштол во домот и ги малтретирал сопругата и трите ќерки

Во заедничка акција на полицијата од Нови Пазар и Бујановац, лишен е од слобода 66-годишниот М.З., државјанин на Македонија, под сомнение дека извршил кражби во четири верски објекти на територијата на Србија.

Кражбите се случиле во периодот меѓу 29 април и 1 мај. Според информациите, осомничениот ги таргетирал џамиите во градовите Нови Пазар, Тутин и Сјеница, каде што со кршење на касите ги одземал парите што се наоѓале во нив.

При полицискиот преглед кај македонскиот државјанин биле пронајдени и нож и електрошокер, поради што против него е поднесена и соодветна прекршочна пријава.

На М.З. му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа. По истекот на овој рок, тој ќе биде изведен на сослушување во Основното јавно обвинителство во Нови Пазар за понатамошно процесуирање на случајот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Центарот на Скопје денес без вода

Денес без вода дел од Кисела Вода

Следна објава
Наместо растеретување на сообраќајот, електричните тротинети, често создаваат создаваат нов хаос во Скопје

Несреќа во Скопје: 14-годишно девојче со тешки повреди