Во затворот во Штип пронајдена дрога

При претрес во полуотвореното одделение во Казнено-поправната установа Затвор Штип кај затвореник од Кочани била пронајдена една ќеса со прашкаста материја.

Како што соопшти МВР, од страна на полициски службеници од СВР Штип ја одзеле прашкастата материја која ќе биде проверена.

По комплетирање на случајот, против лицето кај кое е пронајдена ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестАнтикорупциска комисија за ДУП-от во Центар: Обвинителство да ја утврди одговорноста на Тодоровиќ, Жерновски…
Следна вестЕлектронски учебници и интернет – па нели образованието по закон е бесплатно?!