Во зелено-бело: Коњановски ја честита 80-годишнината на клубот

22

Битола синоќа заблеска во зелено-белите бои – боите на гордоста, традицијата и љубовта кон фудбалскиот клуб Пелистер. По повод 80 години постоење на клубот, неколку значајни објекти во градот беа осветлени во чест на симболот на битолскиот спорт и дух.

„Нашата Битола блеска во боите на Пелистер – симбол на гордоста, истрајноста и љубовта кон градот. Со овие моменти покажуваме дека Пелистер не е само клуб, туку емоција што ги поврзува генерациите“, изјави Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на Битола.

Фотографиите направени од воздух го доловија свечениот амбиент и заедништвото на граѓаните кои ја прославија долгогодишната историја на ФК Пелистер – клуб кој со децении е дел од идентитетот на Битола.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестКлиниката за неврологија има нов директор, Д-р Јован Божиновски
Следна вестСмарт Скопје: Ѓорѓиевски најави целосна дигитална трансформација