Во знак на протест „Комити“ ја напуштија прославата по освојување на Купот

218

Фудбалерите на Вардар го освоија трофејот во Купот на Македонија откако синоќа на „Градски“ ја победија Струга во финалето со 2-0.

Пред крајот на натпреварот навивачката група „Комити“ реши да замине од западната трибина и да не присуствува на церемонијата на доделување на пехарот.

Навивачката група за време на целиот меч извикуваше пораки против управата особено кон Миленко Неделковски и на тој начин го продолжи својот револт за кадровските решенија во управата.

-Тоа што бевте во минатото, останете и во иднината – послушници на свињата, беше транспарентот што „Комити“ го оставија на стадионот.

Претходна вестФилипче: Со ново задолжување од 6 милијарди евра јавниот долг ќе надмине 115% од БДП
Следна вестСамохрана мајка од Кочани дала отказ за да се грижи за повредениот син: Ни треба помош од државата