Во Зоолошка само ако не се однесувате животински

Во неделата за само еден ден избркани се 10 луѓе од зоолошката градина оти не се однесувале според кодексот испишан на повеќе табли, односно несоодветно ги третирале животните. Ги допирале, хранеле…се што е најстрого забрането.
Од Управата велат дека ваквиот третман ќе продолжи се додека луѓето не разберат дека се поважни животите на животните, отколку нивната желба да ги нахранат или слично.
Она што е запрепастувачки, според раководството во ЗОО е што во голем дел од случаите на обдукција на животните по смртта, најдени се тврди предмети кои тенденциозно им се дадени на животните да ги јадат, па предизвикале трагедии.
Освен допирање и хранење, во зоолошката градина не смеат да се внесуваат ниту балони, кои претставуваат потенцијална опасност за животните, забрането е движење под дејство на алкохол или наркотици, внесување на домашни миленици, движење со велосипед, ролери, скејтборди и тротинети.