При работа на канал, екипите на ЈП Комуна Крушево детектирале мал дефект на водоводната мрежа.
Од тука информираа дека водата ќе биде во краток прекин, а без вода ќе биде поголемиот дел од градот Крушево.
-Го разбираме револтот кај граѓаните и тие се во право. Дефектите се премногу, а тоа се должи на застареноста на водоводната мрежа. Тоа претставува голем проблем и за нас затоа што преголем дел од нашите ресурси, луѓе, механизација и финансии, се трошат на дефекти, велат од претпријатието.