„Војдан Чернодрински“ 55-ти јубилеј од 1 до 8 октомври во Прилеп

Од 1 до 8 октомври следната недела се случува 55-тото јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Овогодинешните добитници на наградите за животно дело, актерите Емил Рубен и Борис Чоревски и сценографот Крсте С. Џидров свечено ќе ги земат на отворањето на фестивалот на 1 октомври.

Јубилејниот фестивал ќе го отвори МНТ – Скопје со претставата „Мој термин“ по мотиви на Лорен Бафи и Винсенте Виљануева во режија на Синиша Ефтимов, за потоа до седми октомври да се претстават сите професионални театри од земјава.

Затворањето на фестивалот, кој ќе се одржува според сите протоколи за заштита од коронавирусот, е на осми октомври со претставата „Драмски за Конески“.