Војдан Стојановски – најдобар македонски кошаркар за 2022 година

Прогласен е најдобриот македонски кошаркар за годината која изминува. Тоа е Војдан Стојановски – најдобриот за 2022 година.

Немаше многу големи дилеми околу конечниот избор, капитенот на нашиот национален тим, и лидер на МЗТ Скопје во изминатата сезона, да биде „број еден“ во македонската кошарка. Покажа најмногу на теренот.

-Многу сум горд, некако знаев дека пред крајот на кариерата ќе се вратам да играм во Македонија. Многу ми е мерак и многу ми е мило што бележиме успеси со МЗТ Скопје и со репрезентацијата, што ја претставуваме Македонија во АБА. Се надевам дека ќе ги оствариме тие цели, дека ќе останеме во тоа друштво, и да продолжиме да ја презентираме македонската кошарка секако надвор од границите на Македонија.

Убаво е уште еден клуб да се придружи во АБА лигата. Сметам дека Македонија има таленти, дека има кошарка. И дека многу луѓе сакаат Македонија да има уште еден претставник во АБА лигата, искоментира лауреатот на наградата за најдобар кошаркар за 2022 година.

Претходна вестМОН: Националната комисија за учебници со грешките го прифатила учебникот по Историја и општество за 5-то одделение
Следна вестКолеги се степале во локал