Темен режим Режим на светлина

„Војна“ помеѓу општина Аеродром и ЈП Комунална хигиена

Општина Аеродром и Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ се скараа!Најпрво, Општината на комуналното претпријатие му напиша казна од 88.000 евра, за, како што соопштија од таму, континуирано нефункционирање, несоодветно собирање отпад и негрижа за јавната хигиена на територијата на Аеродром.

„Ова не е политичка одлука, туку институционална санкција заснована на реални пропусти. Жителите на Аеродром секојдневно се обраќаат до нас со поплаки за преполни контејнери, неподнослива нечистотија на улиците во сите населби, иако редовно и уредно ги плаќаат комуналните давачки секој месец, изјави в.д. градоначалникот Дејан Митески.

Тој порача и дека Аеродром нема да биде заложник на туѓа неспособност и најави засилен надзор и нови санкции ако не се подобри состојбата. Од друга страна пак, од ЈП „Комунална хигиена“ остро реагираа на казната, нарекувајќи ја евтин политички театар на „полуградоначалникот“ Митески.

Тие појаснија дека собирањето на отпадот го работат според оперативен план усвоен од Советот на Град Скопје, кој е под контрола на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН.

Инаку, преполни контејнери со ѓубре има во цело Скопје. Многумина граѓани, во минатото, реагираа дека проблеми има и со празнење на кантите за ѓубре од куќите низ населбите за индивидуално домување, каде што наместо два пати, ѓубрето се собира еднаш неделно.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Во мај наплатени вкупно 177,3 милиони евра, приходите од увоз на возила зголемени за 20 % – предистрагите на Царина го дадоа ефектот, рече директорот на Царина

Следна објава

Стојкоски: Нема да се градат хемиски фабрики во Ѓорче Петров