Вонредни вести од извонредни уредници

Ова уредничињата во телевизиите наши стално успеват да ме изненадат, а ја мислев дека отрпнав на нивото „работење“. Просто им се чудам од каде им доаѓаат нови идеи за прилози у кои се додворуват на власта или не мафтосуваат со некакви си бомбастични нови „сознанија“ за нашето подобро утре.
Оваа недела, ја си гледам сосема друго на македонски канал (значи бегам од вести) и одеднаш почна да тече кајрон дека наскоро ќе има вонредни вести. Упорно тече ли тече…

Си велам, мора да не примале у ЕУ без преговори; а може сме и објавиле војна на Русија оти ни се може – во НАТО сме, си велам… и чекам, да видам шо среќа ја попадна нашта Македонија. На лоша вест не ни помислувам, оти откако ни го сменија името – нас лошото ќе не заобиколува… не за џабе клекнавме…

И во таа тензија, ете ти почнуват вонредните вести, и шо да видам – раководството на СДСМ ќе расправало за метлата…

Право да ви кажам не се сеќавам шо сум направил, дали исклучив телевизор или си излегов од собата, па така да не можам да ви ги раскажам впечатоците од работата на уредничињата.
Ако е за утеха, така било и на други телевизии.