Воведен еднонасочен режим на улицата „Партениј Зографски“ на Водно

Општина Центар започнува со поставување сообраќајна сигнализација за воведување еднонасочен режим на улицата „Партениј Зографски“ во населбата Водно.

„Во интерес на зголемување на безбедноста и подобрување на проточноста на дел од улиците, денеска се започнува со градежните активности за поставување сообраќајната сигнализација за воведување еднонасочен режим на улицата ‘Партениј Зографски’, на потегот од крстосницата со улицата ‘Тодор Александров’ до крстосницата со улиците ‘Питу Гули’ и ‘Ацо Караманов’“, соопшти Општина Центар.

По поставувањето вертикалната сообраќајна сигнализација на улицата „Партениј Зографски“, Општина Центар ќе започне со обележување на хоризонталната сигнализација и освежување на боите на улиците во овој дел од Центар.

„Поставувањето нова сообраќајна сигнализација ќе овозможи намалување на сообраќајот и протокот на возила, како и зголемена безбедност за пешаците и велосипедистите. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да го почитуваат новопоставениот сообраќаен режим и да бидат внимателни при изведбата на градежните активности во овој дел на градот“, се наведува во соопштението.

Претходна вестОтворање мобилен пункт во Свети Николе за земање брисеви за Ковид-19
Следна вестПеток неработен ден за граѓаните од муслиманска вероисповед