Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) – Велес информира дека во утринските часови патнички воз што сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, на железничката станица кај Градско удрил во едно лице. Поради оваа несреќа железничкиот собраќај е во прекин.
-На терен веднаш излегла екипа од Полицијата – СВР Велес, а потоа и Јавен обвинител, кои вршат увид на местото на настанот, информираат од ЦУК – Велес
Железничкиот собраќај е во прекин на релација Гевгелија – Скопје.