Воз прегази човек, железничкиот собраќај е во прекин

Регионалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) – Велес информира дека во утринските часови патнички воз што сообраќал на релација Гевгелија – Скопје, на железничката станица кај Градско удрил во едно лице. Поради оваа несреќа железничкиот собраќај е во прекин.

-На терен веднаш излегла екипа од Полицијата – СВР Велес, а потоа и Јавен обвинител, кои вршат увид на местото на настанот, информираат од ЦУК – Велес

Железничкиот собраќај е во прекин на релација Гевгелија – Скопје.

Претходна вестОд 8 до 20 мај пругата од Велес до Гевгелија ќе биде затворена од 9.30 до 19 часот
Следна вестКуновски: Доста стигматизирана е темата на ментално здравје, тоа влијае на тоа дали младите би побарале помош ако се соочуваат со проблем