Возач и сопатничка повредени, излетале со возилото на патот Охрид – Кичево

Сообраќајка на патот Охрид – Кичево. Имено, На 02.01.2023 во 02.15 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево кај с. Оровник, патничко моторно возило „Голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.К.(36) од с. Мешеишта, Струшко, излетало од коловозот.

Во несреќата со телесни повреди се здобил возачот А.К., а со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Ј.К.(32) од с. Мешеишта, кои им биле констатирани од лекар во болницата „Св.Еразмо“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Охрид.

Претходна вестОсум млади скопјани славеле во Маврово, ама и се тепале…
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Тоа од кое што други би се срамеле, Ковачевски го прикажува како енергетски успех