Возачите повеќе се држат за мобилките отколку за воланот, 41 од нив добиле казна

Дури 41 возач вчера биле сакционирани во Скопје затоа што користеле мобилен телефон при управување моторни возила. За жал возачите повеќе се држат за мобилните отколку за воланот.
Инаку, вчера со тешки телесни повреди се здобил сопатник во патничкото возило кое доживеало сообраќајна незгода во градов, наведува скопската полиција. Во полицискиот извештај не се наведуваат деталите за несреќата која е најтешка меѓу вкупно осум судири меѓу автомобили во Скопје. Полесно повредени се две други лица на кои, исто така, им е укажана лекарска помош.

Според податоците на СВР Скопје, полицијата од сообраќај исклучила 50 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената. Ова е нова потврда дека скопските возачи продолжуваат да не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Тројца возачи се откриени како управуваат со возилата под дејство на алкохол, 13 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и четири возачи почетници.

Издадени се и 70 казни за непрописно паркирање, три за нерегистрирани возила и една за претовар, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 67 возила. Полицијата санкционирала и пет возачи кои поминале крстостница на црвено светло, девет за неносење сигурносен појас за време на управување моторни возила.