Иако системот „Безбеден град“ во март регистрираше вкупно 26.241 прекршок, податоците од Основниот кривичен суд Скопје покажуваат дека возачите помалку поднесуваат приговори за евидентираните прекршоци во сообраќајот.
Претходниот месец до судот се поднесени вкупно 65 приговори, од кои 22 од правни лица и 43 од физички лица, за разлика од 476 приговори, поднесени во февруари кога стартуваше со казни системот.
Од судот посочуваат дека 16 судии од Одделот за прекршоци навремено постапуваат по поплаките на возачите, а досега се решени 92 предмети.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:






