Возеле без дозвола, поминувале на црвено…, казнети 153 скопски возачи

На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки во последните 24 часа, соопшти денеска МВР. Меѓу нив за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола и 11 санкции за непрописно престројување на возила.

-Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), осум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), три санкции за возење под дејство на алкохол, две мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл…, се наведува во соопштението.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестОблачно и студено со северен ветер
Следна вестПосебен режим на сообраќај денес и утре во Скопје