Возеле и 70 километри на час над дозволеното, казнети 383 возачи

Санкционирани се 383 возачи во рамките на вчерашната акциска контрола на полицијата на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

– Од нив 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 198 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 185 надвор од населено место, соопшти МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, укажуваат од полицијата.

Претходна вестИстурен амонијак од товарен воз затру 15 лица кај Пирот
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е заложник на Ахмети