На 22.03.2023 во рамките на акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз во Полошкиот регион, на регионалниот пат Тетово-Пирок биле запрени три комбиња „форд транзит“ со тетовски регистарски ознаки, што ги управувале Н.Н.(58) од тетовско Боговиње, М.М.(52) од тетовско Горно Палчиште и М.С.(63) од тетовско Долно Палчиште.
Тројцата возачи не поседувале документи за вршење јавен превоз и ќе им бидат изготвени поднесоци по член 284-а од Кривичниот законик.