Возило паднало во Вардар кај „Систина“, во тек е негово вадење со сајли

Паднало возило во Вардар. Имено, во овие моменти се одвива акција за вадење на патничко моторно возило од водите на Вардар во близина на мостот кај болницата „Систина“ во скопскиот Карпош. Целиот настан преку Фејсбук го пренесуваат случајни минувачи кои се движеле по кејот на Вардар.

Видливо е дека на местото на настанот има нуркачката единица на МВР и припадниците на противпожарната бригада кои влегуваат во водата за со сајли да го извлечат возилото.

Засега не е познато дали во возилото имало патници и каква е нивната состојба. Се уште нема инфорамции и за тоа како возилото се нашло во реката. Повеќе инфорамции за овој инцидент ќе се дознаат во текот на денот.