Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија

Припадниците на МВР на Србија, Управата за гранична полиција и Полициската управа во Врање откриле и заплениле околу 12,2 килограми растителна материја за која постои сомнение дека е марихуана од атар на селото Миратовац на границата со Македонија и го привеле Х. Д. (39) од подрачјето на Прешево. Тој се сомничи дека како соизвршител сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотици“, јави дописникот на МИА од Белград.

– Полицијата вршејќи увид на „пикап“ со хрватски регистарски таблички, со кој осомничениот и уште едно лице за кое се трага, влегле во Србија од Република Северна Македонија, во товарниот дел и кабината на возилото пронашле неколку пакувања со околу 12,2 килограми растителна материја за кои постои сомневање дека е марихуана, соопшти МВР на Србија.

По наредба на дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Врање, на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење до 48 часа и со кривична пријава ќе биде изведен во обвинителството.

Претходна вестПолицијата пронајде марихуана кај двајца скопјани во Охрид
Следна вестСообраќајка во Свети Николе, малолетничка тешко повредена