Вработен во нашата мисија во ОБСЕ во Виена притворен во Србија

163

Министерството за надворешни работи вечерва потврди дека еден вработен во Министерството, кој работел во нашата Мисија во ОБСЕ во Виена, е притворен во Република Србија на 27 август 2021 година.

– Министерството за надворешни работи на Република Србија официјално ја извести нашата Амбасада во Белград, дека надлежниот суд во Србија определил екстрадиционен притвор по основа на меѓународна потерница за дело за кое се товари дека го сторил за време на негово приватно патување во странство, велат од МНР.

Работниот однос на притворениот вработен, според МНР, ќе му биде во мирување сѐ додека случајот не биде разрешен.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестРаботник загина во фирма во Скопје, врз него паднала бандера
Следна вестД-р Марковски: Притисокот да се вакцинираат децата е нелогичен и научно неoснован