Вработен земал 1500 евра од каса на обложувалница и не сакал да ги врати

МВР соопшти дека поднесена е кривична пријава против 36-годишен скопјанец со инцијали И.А, поради сомнение дека сторил кривично дело „затајување“.

Како што информираат од МВР, на 19 мај годинава, додека пријавениот бил на работното место на улица „Варшавска“ во општина Карпош, своеволно и без дозвола од работодавачот, од благајната на видео-лотариските терминали одзел 90.000 денари.

Подоцна, по пристигнување на менаџерот, заедно ги преброиле парите и бил констатиран кусок, по што му било побарано да ги врати парите, но работникот не го сторил тоа.

Претходна вестНа Табановце за влез во државата се чека околу 40 минути
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Државата должи над 2,4 милијарди евра