Вработена во кумановска болница прободена со остар предмет

Приведено е едно лице од Куманово откако претходно нападнало и повредило вработена во кумановската Општа болница, соопшти полицијата.

– На 29.09.2022 година во 01.40 часот, полициски службеници од СВР Куманового лишиле од слобода Ф.Ј.(38) од Куманово затоа што со остар предмет нападнал и повредил вработена на Инфективното одделение во Општа болница Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Претходна вестЗарем и за енергетската криза власта и опозицијата нема да седнат на една маса?
Следна вестЛевица: Мерките за енергетската криза се половични решенија