Вработена во велешката болница била заклучена, малтретирана и испрскана во очи со средство за чистење

16

Велешанка преживеала хорор на работното место во здравствена установа. Била заклучена во една просторија, а напаѓачот физички ја нападнал и со средство за чистење ја прскал во очи.

Полицијата го уапси.

– На 27.10.2025 во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода М.П.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од 55-годишна велешанка дека на работното место во здравствена установа во Велес ја заклучил во една од просториите, кршел предмети, физички ја нападнал, ѝ се заканил со остар предмет и со средство за чистење ја испрскал во очите, известија од МВР.

Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат оттаму.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестКривични пријави за загрозување на животната средина со отпадот во Скопје против в.д. директорот на ЈП „Комунална хигена“ и уште едно раководно лице
Следна вестНетанјаху: Израел стана најмоќната сила на Блискиот Исток