Над 3000 вработени во културата останаа без плати. Од Синдикатот на културата реагираат велејќи дека секоја година во април се јавува истиот проблем, поради некоректност на надлежните институции, и дека не добиле никакво објаснување кои се причините што работниците немаат плати. Тие велат дека се разочарани од министерот за култура и најавија протести во вторник пред Министерството во 12 часот.
На ова реагираше опозициската партија СДСМ, обвинувајќи ја власта дека ги остава без плата не само вработените во културата, туку и вработените во други институции за Велигден. Според нив, законите не важат за владата на Микоски.
Од Синдикатот на културата, исто така, велат дека ќе ги искористат сите законски можности за остварување на своите права. Поконкретно, ќе поднесат кривични пријави против директорите за непочитување на колективните договори и закони, ќе поднесат индивидуални тужби против институциите за неисплата на плати согласно Колективните договори, ќе поднесат индивидуални тужби до институциите за парични побарувања за доцнење на плати за последните 3 години, и ќе ги информираат странските амбасади и претставништва, особено оние на Европската унија и САД, за повреди на загарантираните уставни и работнички права во земјата.
Од Министерството за култура рекоа дека по Велигден, вработените ќе ги добијат платите со покачување