Време погодно за прошетки: Променливо облачно со сончеви периоди

Утринскиве повремените сончеви зраци во Скопје го најавија денов за кој метеоролозите велат дека ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, повремено засилен југоисточен ветер. Во текот на ноќта ќе има повремен слаб дожд.

Минималната температура во Скопје ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.

И во останатиот дел од Македонија времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а на места повремено засилен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 17 до 21 степен.

За време на викендот и во почетокот на следната седмица ќе биде под влијание на серија на влажни бранови. Времето ќе биде променливо облачно наместа со врнежи од дожд со променлив интензитет. В недела и в понеделник врнежи ќе има на повеќе места.

Од понеделник температурите ќе бидат пониски.

Претходна вестOд полноќ нови цени на горивата
Следна вестБез струја делови од Илинден и Петровец