Времен режим на сообраќајот во тунелот Блаце – Скопје поради градежни активности

Од денеска ќе има времен режим на сообраќајот во тунелот Блаце – Скопје поради градежни активности. Возилата ќе бидат наизменично пропуштани.

– Од денеска ќе се воспостави времениот режим на сообраќајот во тунелот на стационажа км 6+326 до км 6+366, на десна страна од тунелот, правец Блаце – Скопје, поради изведување на градежни работи – санација на тунелот, известуваат од АМСМ.

Ќе има светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата.

 

Претходна вестПротест пред Владата и пред ОЈО за скандалот на Онкологија, Левица најави поддршка
Следна вестМечка влегла во дворот на поранешен пратеник од СДСМ: Ајде да ве видам вие умоболни бирократчиња што ја штитите мечката