Темно Режим Светло Режим

Временските прилики не може да се контролираат, но може и мора да се средува инфраструктурата

Временските прилики не може да се контролираат, но може и мора да средува инфраструктурата Временските прилики не може да се контролираат, но може и мора да средува инфраструктурата

Нови поплави на повеќе места во Македонија, откако вчера поројните дождови повторно ги излеаја реките од коритата. Поплавени улици, дворови и обработливо земјиште, евакуација на население – слика што можеше да се избегне, ама требаше институциите на време да мислат и делуваат.

Е, зошто надлежните се секогаш изненадени, те од дожд, те од снег, те од суши?

Временските прилики не може да се контролираат, но може и мора да средува инфраструктурата.

Години наназад се предупредува дека речните корита не се доволно исчистени и проширени, дека одводните канали се затнати, а критичните точки немаат трајни насипи и заштитни ѕидови. Па така, наместо превенција, повторно гледаме само моментална реакција и зголемена пропаганда дека нешто се прави.

Локалните власти често најавуваат интервенции, но тие се краткорочни и недоволни. Потребна е координирана акција меѓу општините, државните институции и водостопанските претпријатија, со редовно чистење на коритата, реконструкција на канализациската мрежа и изградба на трајни насипи таму каде што ризикот е најголем.

Ќе дочекаме ли такво нешто или дождот без да го чекаме пак ќе дојде?

Претходниот Пост
Поддржувачите на Навални ја одбележуваат годишнината од неговата смрт

Поддржувачите на Навални ја одбележуваат годишнината од неговата смрт

Следниот Пост
Масовен протест во Сараево: Бараат одговорност по трагедијата со трамвајот

И денеска Сараево на нозе: Протести по трамвајската несреќа од 12 февруари