Под влијание на топлотниот бран што ја зафати земјава, дневните температури до сабота ќе бидат над јулскиот просек и ќе се движат од 34 до 38 степени во југозападниот, источниот и североисточниот регион, од 32 до 38 во Полошкиот регион, од 38 до 40 во Пелагонија и од 38 до 43 степени во Скопскиот, Вардарскиот и југоисточниот регион.
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) веќе го вклучи црвениот метео аларм, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) изнесе препораки за граѓаните, а Владата донесе Одлука со која ги обврза работодавачите од 23.07 до 26.07 да ги ослободат од работни обврски бремените жени и лицата постари од 60 години.
Министерството за здравство апелира населението да се придржува до постоечките препораки за самозаштита: престојување во разладени простории, особено од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнување алкохол и засладени пијалоци, носење лесна и светла облека, користење заштита за глава и очи и избегнување физичка активност во најтоплите часови.
ИЈЗ повика на почитување на мерките за заштита на здравјето на општата популација и на ранливите категории (градежни работници, земјоделци, сообраќајна полиција, работници за испорака и други лица кои работат во надворешни услови) при високи температури. Укажа да се земе предвид можноста за потенцијално работење онлајн, за флексибилно работно време, двократно работење, надополнување на изгубеното работно време и други модалитети. Воедно апелира да се избегнува работа на отворено од 11 до 17 часот и да се прават почести паузи со постојана достапност на течности и електролити.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



