Темен режим Режим на светлина

Времето денес облачно со сончеви периоди

Дождливо утро, сончеви периоди преку ден Дождливо утро, сончеви периоди преку ден

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степена.

Од среда попладне до петок под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m²). Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер во четврток и петок на повисоките планини ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во повремен снег. Температурата значително ќе опадне.

Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето и постепен пораст на дневната температура.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
(Видео) Дневен времеплов – 05 февруари

(Видео) На денешен ден – 29 септември

Следна објава

„Старата скопска чаршија: визија за иднината“, презентација на француско-германскиот проект