Времето денес променливо облачно со сончеви периоди, стабилизација од петок

65

Променливо облачно со сончеви периоди е прогнозата на УХМР за денес. Во крајните североисточни делови ќе има услови за локален слаб дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер со температури од 10 степени минималната до 26 максималната.

Во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Во петок ќе има услови за локален слаб дожд и ќе дува засилен северен ветер. Потоа времето ќе биде стабилно и топло со пораст на дневните температури, особено од недела каде се очекува температурите да достигнат до 29 степени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестНародната банка ги зајакна капацитетите за климатските ризици со поддршка на ЕИБ
Следна вестГаши ќе презентира Извештај по повод една година од мандатот