Темен режим Режим на светлина

Времето денес сончево и топло

УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд УХМР: Сончево време до петок, за викенд можен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 35 степени Целзиусови.

И во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 34 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од утре до недела ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Полска ги крена своите авиони и собори руски дронови: Oперацијата е во тек, испратено предупредување до граѓаните

Следна објава

Премиерот Христијан Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности на проекти во општина Гази Баба