Темно Режим Светло Режим

Времето денес сончево и топло со умерена облачност

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 17, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени.

До петок времето ќе се задржи претежно сончево и топло со постепен пораст на дневните температури. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во сабота попладне и во текот на ноќта кон недела ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а во недела ветерот ќе го смени правецот во северен. Потоа следува период на стабилно и потопло време

Претходниот Пост

Андоновски на пуштање во функција нова канцеларија за административни услуги во Свети Николе

Следниот Пост
ОЈО ГОКК: Притвор за тројца осомничени за злосторничко здружување и оружје

Нема злоупотреби при организацијата на ОБСЕ во Скопје, велат од ДКСК и Обвинителството