Времето денес сончево со мала до умерена локална облачност и ветер

11

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Времето во наредните денови, до почетокот на следната седмица ќе преовладува стабилно, сончево и релативно топло време со локална појава на облачност во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен, а во сабота долж Повардарието повремено засилен северен ветер.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестПрва Скопска ТВ: Алармот вришти, премногу жртви има на македонските патишта
Следна вестФилипче до Димитриевски: Со подизведувачи на ДПМНЕ и предавници на социјадемократската идеја не дебатирам