Времето денеска променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд

18

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), грмежи и силен ветер (над 60км/ч.). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и силен ветер, особено во вечерните и ноќните часови. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во текот на ноќта кон вторник и во вторник претпладне врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка (2-10см). Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула.

Претходна вестПредлог за притвор има за 8 лица, останатите тројца осомничени се во болница во тешка состојба
Следна вестКлековски: Згрижени над 140 повредени во дискотеката во Кочани, 44 се пренесени во болници во странство