Времето денеска со локален пороен дожд и грмежи

35

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Оттаму велат дека наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

И во Скопје ќе биде променливо облачно, со тоа што во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестНема повредени лица и пријавени штети по невремето, информираше ЦУК
Следна вестЗголемена фреквенција на возила по патиштата, на граничните премини нема подолги задржувања