Времето денеска сончево со мала облачност

Во Скопје сончево и посвежо со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 12 степени, информираат од УХМР.

Сончево и посвежо со мала до умерена облачност, ќе биде и во другите делови од Македонија. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.

Претходна вестТрчам, тренирам и сонувам за освојување на златен олимписки медал
Следна вестАМСМ: Слаб снег на патиштата кон планинските превои и Попова Шапка