Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.

Во останатиот дел од Македонија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен, а во западните делови повремено силен (над 70 км/час) ветер од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, особено во источните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд. В понеделник под влијание на нов влажен и постуден бран ќе има врнежи од дожд, попладне на повеќе места пообилни (над 30 л/м2). На планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. Потоа во следните два дена ќе преовладува студено и ветровито време со повремен дожд, а на повисоките места од снег.

Претходна вестНароден Херој: Наум Наумовски – Борче, се борел во НОБ, учествувал на АСНОМ, го градел предземјотресното Скопје
Следна вестИзречени 152 сообраќајни казни во Скопје, 45 лица возеле пребрзо