Времето во Скопје: Претпладне сончево, попладне дождливо

Претежно сончево со повремена обалчност, вакво ќе биде времето во Скопје во претпладневните часови. За попладне, метеоролозите најавија локално невреме со грмежи и пороен дожд, но не секаде. На местата каде ќе се случи невремето се очекува и кратка појава на град.

Попладневното невреме е најава за опаѓањето на температурите и посвеж период до среда, а потоа се очекува потопло време и стабилност.

Температурата денеска во Скопје ќе биде околу 29 степени.

Претходна вест16 студенти само сакаат да студираат македонски јазик, кој ќе го шири и негува ако следната година никој не се пријави?
Следна вестНово кривично дело, екоцид: Казни дури и доживотни затворски