Врсници претепале 17-годишно момче кај скопската гимназија „Никола Карев“

Вчера во Скопје, 17-годишно момче било физички нападнато и претепано од група врсници.

Инцидентот се случил во близина на гимназијата „Никола Карев“ во Карпош, но сè уште нема потврда дали жртвата или напаѓачите се ученици во истото училиште.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) го потврдија настанот, но без да откријат дополнителни информации за истрагата која е во тек.

-Се преземаат мерки за расчистување на случајот, изјавија од МВР.

Претходна вестТуфегџиќ: Убиствата на Вања и Панче се класична егзекуција, нон сенс е да се тврди дека е убиство од интерес, вели Туфегџиќ
Следна вестВозачот и внукот на заменик министерот за култура приведени