Втор ден од пукањето во училишен двор во Бутел: Што чека МВР?!

Скопјанец вчера вечер бил ранет во престрелка во Бутел. Според жителите на оваа населба, учесниците се добро познати, па за „Скопско ехо“ велат дека е зачудувачки што нема брза разврска и на овој случај?

Скопјанецот настрадал кога на улицата „Хо Ши Мин“, две групи кои претходно се бркале со автомобили низ населбата, па дури и околу училиштето „Живко Брајковски“, почнале пресметка со огнено оружје. Токму според извештајот на МВР, пукањето се случило во дворот на училиштето. За среќа во моментот не се нашле ученици во близина.

-Таму претходно било паркирано патничко возило „рено“ со скопски регистерски таблички, во кое биле лицата М.А. и А.У.(34), по кажување на М.А., од страна на М.Б. било пукано кон возилото. Со повреди на десната нога се здобил М.А., а лекарска помош му е укажана во ГОБ Св.Наум Охридски. Исто така, А.У. се здобил со повреди- расекотини по лицето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Но извештаите на МВР за „акциони филмови“ во среде попладне и тоа во двор на училиште, што завршуваат со реченицата „се преземаат мерки за расчистување на случајот“ не е никакво решавање на проблемот. Има низа инциденти, како акциони филмови со престрелки низ главниот град кои не се решени.

Денеска е втор ден од престрелката во Бутел, што чека МВР?!

Претходна вестОд петок почнува исплатата на ноемвриските пензии
Следна вестУште 10 дена може да се конкурира за „Литературна награда 2022“