Втор ден полицијата трага по 15-годишен штитеник

Исчезна 15-годишен штитеник. Имено, вчера во СВР Скопје било пријавено дека од Јавна установа за згрижување на деца со воспитно – социјални проблеми и нарушено поведение  се оддалечил нивен штитеник. Се работи за 15-годишниот К.Д. од Кавадарци.

Истото лице повеќе пати се оддалечувало од установата, по што го враќале назад.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.