Втор круг за градоначалник ќе има во четири скопски општини

42

Државната изборна комисија до утрово ги преброја сите гласови во општините на Град Скопје.

Во Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров убедлива победа однесоа актуелните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски, Бобан Стефковски и Александар Стојкоски.

Кисела Вода ќе добие нов градоначалник откако Бети Стаменковска Трајкоска победи убедливо на вчерашните избори.

Во Чаир во првиот круг победи Изет Меџити од ВРЕДИ освојувајќи 51.82% од гласовите, додека во Сарај ВРЕДИ исто така доби градоначалник во името на Мухамет Елмази.

Во Карпош, Аеродром, Центар и Шуто Оризари ќе се гласа повторно за две недели.

Во Карпош кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Сотир Лукровски има предност пред Стевчо Јакимовски, во Центар во првиот круг води актуелниот градоначалник Горан Герасимовски.

Во Аеродром во вториот круг ќе се соочат Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ и Александар Трајановски од СДСМ, додема во Шуто Оризари битката за градоначалник во втор круг ќе ја водат актуелниот градоначалник Курто Дудуш и Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестДенес и утре со многу повеќе сонце и со суво време
Следна вестВо прв круг избрани 44 градоначалници, втор круг ќе има во 33 општини, повторување во три