Втор викенд Филхармонија на отворено

Откако минатиот викенд различни генерации уживаа во првиот концерт „Ну погоди“,во изведба на Македонската Филхармонија на отворено, во Градски парк, следува уште еден викенд со сличен перформанс. Имено, во сабота во 21 часот на истото место ќе се одржи концерт насловен со „Љубов и револуција“ на чиј репертоар се најпопуларните песни од поп-рок и панк музиката од 1990-тите.
Под диригентската палка на Џијан Емин и во негови аранжмани ќе бидат изведени песни на култните „Рејдиохед“, Ник Кејв, „Бисти Бојс“, „Продиџи“, „Нирвана“, Дејвид Боуви, „Секс Пистолс“, „Клеш“, Џими Хендрикс, „Пинк Флојд“, „Рамштајн“… Заедно со оркестарот на Филхармонија, ќе настапи и хорот „ПроАрс“ чиј диригент е Сашо Татарчевски, кој ќе биде главен носител на проектот.