„Втора шанса“ го отвора 22-от Скопски филмски фестивал

„Втора шанса“ е филмот со кој ќе биде отворен годинашниот Скопски филмски фестивал. Филмот е под режија на Марија Џиџева, а отворањето се случува во среда на 17 април во кино „Милениум“. Скопскиот филмски фестивал ќе трае до 25 април, а ќе бидат прикажани 50-ина филмови во неколку програми.
Македонско-српската копродукција „Втора шанса“, кој работно беше насловен „Жртва“, испреплетува приказни за три жени кои се обидуваат да ја пронајдат смислата на постоењето и секоја од нив се соочува со свои лични демони, обидувајќи се да ја зачува својата хуманост. Една од главните женски улоги ја игра српската актерка Мирјана Карановиќ, заедно со Даниела Ивановска и Наталија Теодосиева, а машките ликови ги играат Данчо Чеврески, Денис Абдула и Златко Митрески.